Струга го враќа Христијан Крстаноски

Тимот на Струга го започна екипирањето за наредната сезона, а третото ново име би требало да биде одличен дефанзивец.

Според информациите на 24Ракомет, стружанецот Христијан Крстаноски би можел да се врати во родниот град, каде што играше долго време.

Крстаноски ги има минато сите младински категории во својот матичен клуб Струга ,а зад себе има настапи и во младинските категории во македонската репрезентација. Со репрезентацијата на Македонија настапи на Европското првенство на плажа во Полска (2019).

Левиот бек во последните две сезони играше за Куманово, а претходно беше дел од Вардар Неготино и од Металург РА.

Пред Крстаноски, Струга се договори со искусните битолчани – голманот Мартин Јовановски и десниот бек Пеце Рајатоски.

Стружани летово останаа без десниот бек Мајдуб (Младост Богданци), Наум Костов и Филип Мечкароски се преселија во Куманово, додека Војо Клењоски замина во Автокоманда во тимот на „витамините“.