За разлика од Лигата на шампионите, каде што и покрај напредокот на ранг листата ќе мораме да бараме вајлд-карта за настап во сезоната 2027/28, тоа нема да биде случај во Лигата на Европа.
Македонија напредуваше за четири позиции и од 14 позиција сега се искачи на 10 позиција со 33.00 коефициент, а тоа во превод значи уште едно место плус во второто по ранг европско клупско наптреварување.
Сумирано, ако шампионот на Македонија добие вајлд-карта за ЛШ за сезоната 2027/28, тогаш второ и третопласираниот од Супер лига ќе играат директно во групите на ЛЕ, што не беше случај за претстојната сезона кога Охрид не доби „апгрејд“, па Македонија остана само со Еурофарм Пелистер.
Во ранкингот се земени во предвид настапите во ЛЕ во сезоните 2023/24, 2024/25 и 2025/26.
























