Бранеше во Македонија осум сезони – сега бара нов клуб

Црногорскиот чувар на мрежата Јагош Брауновиќ по три сезони не е веќе член на словенечката екипа РИКО Рибница.

Поранешниот репрезентативен голман на Црна Гора, Јагош Брауновиќ, кој својата интернационална кариера ја започна во Македонија и во македонската елита настапуваше цели осум сезони, од ова лето ќе бара нова средина.

Тој во Рибница бранеше три години, но двете страни решија да не ја продолжуваат соработката и двете страни ќе тргнат по својот пат.

Брауновиќ низ кариерата бранеше во Вардар Јуниор, потоа во Битола за Пелистер, па за Охрид, а пред да замине од Македонија го чуваше и голот на кавадаречки Тиквеш.