ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Олимпијакос на шопинг во Бундес лига, екс „охриѓанец“ на Кипар, Нексе донесе десен бек

  • Иако се споменуваше како можно засилување за Еурофарм Пелистер, десниот бек Филип Одак потпиша за Нексе Нашице. Екс кадетскиот и младински репрезентативец на Хрватска во Нашице доаѓа од Извиѓач Љубушки.
  • Австрискиот репрезентативец Борис Живковиќ замина од францускиот Шарт и ќе игра за швајцарскиот второлигаш Арбон. Претходно Живковиќ играше за Мешков Брест, Фленсбург, Алпла Хард, Азоти Пулави…
  • Некогашниот лев бек на Охрид, двометрашот Абдерахим Будрали, во претстојната сезона ќе игра во кипарскиот шампионат. Алжирскиот интернационалец потпиша за составот на Парнасос.
  • Грчкиот првак Олимпијакос објави дека е потпишан договор со поранешниот германски репрезентативец Давид Шмит. Десното крило доаѓа од бундеслигашот Гепинген, а претходно играше за Рајн Некар, Штутгарт и Бергишер.
  • Десниот бек Милан Милиќ и во наредната сезона ќе го носи дресот на вицепрвакот Војводина. Милиќ паузираше поради повреда долго време, но во Нови Сад очекуваат екс играчот на Загреб и Нант да ги покаже своите квалитети.