Рускиот репрезентативец Денис Васиљев е нов член на Динамо Астрахан. Искусниот кружен напаѓач се враќа во клубот каде што ги направи првите професионални чекори.
32-Годишниот Васиљев доаѓа од унгарскиот Балатонфуред, а зад себе има богата интернационална кариера. По настапите за Динамо Астрахан, го носеше дресот на Чеховски Медведи, францускиот Шарт, украински Мотор Запорожје, пред да дојде во Македонија и да го облече дресот на Еурофарм Пелистер.
Во дресот на Еурофарм Пелистер освои две шампионски титули во Македонија (2022/23 и 2023/24), како и Суперкупот на Македонија во 2022 година. Во сезоната 2023/24 беше прогласен и за најдобар дефанзивец во македонскиот шампионат.
По две сезони во Битола се пресели во унгарскиот Балатонфуреди, но таму не се изнаигра поради повреда и се реши за камбек во татковината.

























