Хамбург полека станува она што Келн е за Лигата на шампионите и Будимпешта за женската елита – препознатлив дом на голем европски ракометен викенд. ЕХФ потврди дека завршниот турнир во машката Лига Европа и во 2027 година ќе се игра во „Барклис Арена“, што ќе биде четврто последователно издание во германскиот град.
Финалниот викенд во Европската лига за сезоната 2026/27 е закажан за 22 и 23 мај 2027 година. Билетите ќе бидат пуштени во продажба наесен.
Одлуката доаѓа по успешно организираното издание во 2026 година, кога Хамбург по третпат беше домаќин на завршницата. ЕХФ ја продолжи соработката со градот и салата, со што германскиот град добива уште една голема ракометна сцена.
Претседателот на ЕХФ, Михаел Видерер, истакна дека пред две години била поставена основата Ф4 да се игра на неутрален терен, а сега партнерството со Хамбург продолжува.
Завршницата во 2026 година ја одбележа Мелсунген, кој во Хамбург стигна до првиот голем европски трофеј во клупската историја и со тоа обезбеди место во Лигата на шампионите. Германскиот тим претходно беше ривал и на Вардар во групната фаза од Европската лига, каде „црвено-црните“ двапати славеа, но Мелсунген подоцна го крена пехарот.
Сезонава во Лига Европа има повторно макеоднски тим, Еурофарм Пелистер кој ќе биде во група со Гумерзбах, Ла Риоха и Вибжеже Гдањск.
____________________________________________________________________________________________________
▶▶▶ Добивај директно РАКОМЕТНИ ВЕСТИ вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите вести.
_____________________________________________________________________________________________________
























