Еурофарм Пелистер ги дозна ривалите – доби тешка група во Лигата на Европа!

Во седиштето на Европската ракометна федерација во Виена, денеска беше извршена ждрепката за групната фаза во Лигата на Европа.

Македонија ќе има само еден претставник во второто по ранг европско клупско натпреварување, Еурофарм Пелистер, кој ги дозна ривалите во групата.

Битолчани ќе бидат дел од групата Г и ќе се соочат со екипите на Гумерсбах од Германија, Ла Риоха од Шпанија и Вибжеже Гдањск од Полска.

Пласман во елиминациите ќе обезбедаат прво и второпласираните во сите групи, на кои ќе им се придружат трето и четвртопласираните екипи од Лигата на шампионите, па 28 екипи ќе формираат 14 двојки, чии победници одат во осминафиналето на ЛЕ. Таму се приклучуваат петтопласираните од главната рунда во ЛШ, а победниците се пласираат во четвртфиналето. Поупешните од тие средби ќе играат на Ф4 во Хамбург.

Групната фаза ќе стартува на 29/30 септември.

Лига на Европа, групна фаза:

група А: Нексе Нашице, Елверум, Сен Рафаел, Хамарби
група Б: Бидасоа Ирун, Лимож, Хафнарфјордур, Мадеира
група Ц: Извиѓач Љубушки, Кадетен Шафхаузен, Шамбери, ЧСМ Букурешт
група Д: Савехоф, Татран Прешов, Сесвете, Бергишер
група Е: Фленсбург, Гранољерс, Бузау, Агуаш Санташ
група Ф: Бенфика, Карвина, Торелавега, Холстебро
група Г: Еурофарм Пелистер, Гумерсбах, Ла Риоха, Вибжеже Гдањск
група Х: Татабања, Валур, Слован Љубљана, Морс