Црногорскиот интернационалец Мерис Бошњак кариерата ќе ја продолжи во грчкиот ПАОК и ќе му биде соиграч на Македонецот Евгениј Темелкоски.
Бошњак зад себе има две сезони во Асобал лигата, каде настапуваше за Уеска. Иако еден период беше надвор од терените поради повреда, црногорскиот интернационалец успешно му се врати на ракометот.
Пред трансферот во Шпанија во летото 2024 година, Бошњак настапуваше во Македонија, каде го носеше дресот на Струга, а претходно беше дел и од Еурофарм Пелистер 2.
Токму одличните настапи во македонската Суперлига, каде беше еден од лидерите на Струга и се наметна како еден од најдобрите бекови во првенството, му обезбедија трансфер во Асобал лигата.
По двегодишната етапа во Шпанија, Бошњак сега отвора ново поглавје во кариерата и ќе го носи дресот на ПАОК.
























