Овче Поле се засили со еден од најдобрите прволигашки стрелци

Тимот на Овче Поле го промовираше првото засилување за претстојната сезона во прволигашката конкуренција.

Во Свети Николе се сели еден од најдобрите прволигашки стрелци во последните неколку сезони, десниот бек Филип Петровски.

Тој потекнува од ракометната школа на Металург, а во досегашната кариера ги бранеше боите на уште три клуб.

Петровски беше дел од Јуниор Кисела Вода, Металург РА, а минатата сезона настапуваше за Драчево Јуниор.

„Веруваме дека неговиот квалитет, борбеност и победнички менталитет ќе бидат големо засилување за нашиот тим и ќе придонесат во остварувањето на клупските цели во новата сезона“, напишаа од тимот на Овче Поле на социјалните мрежи.

Минатата сезона Овче Поле ја освои десеттата позиција на табелата.