Меѓународната ракометна федерација ги објави шеширите пред ждрепката за Светското клупско првенство 2026, која ќе се одржи на 22 јули во Базел. Турнирот ќе се игра од 24 септември до 1 октомври во Египет и за првпат ќе биде според нов формат со десет екипи.
Шест клуба директно се пласирани во групната фаза, додека четири ќе играат квалификациски натпревари за последните две места.
Квалификации:
шешир 1: Лос Анџелес Хендбол Клуб (САД), Сиднеј Уни (Австралија)
шешир 2: Веспрем (Унгарија), Замалек (Египет)
Лос Анџелес и Сиднеј ќе добијат по еден од двата европски и африкански гиганти, а победниците ќе обезбедат место во главната фаза. Поразените ќе играат за деветтото место.
Групна фаза:
шешир 1: Барселона (Шпанија), Фуксе Берлин (Германија)
шешир 2: Ал Ахли (Египет), Монтада (Мароко)
шешир 3: Бурган (Кувајт), Пињеирос (Бразил)
шешир 4: квалификант 1, квалификант 2
Актуелниот шампион Барселона ќе го брка седмиот трофеј на Светското клупско првенство во 12 настап. Европскиот вицешампион Фуксе Берлин се враќа на турнирот по тригодишна пауза, предводен од најдобриот светски ракометар Матијас Гидсел.
Домаќинот Ал Ахли ќе игра пред својата публика третпат по ред, додека Веспрем, кој доби специјална покана, повторно ќе атакува на титулата по триумфот во 2024 и финалето во 2025 година.
Дебитант на турнирот ќе биде Лос Анџелес, кој неодамна ја освои титулата во шампионатот на Северна Америка и Карибите. Американскиот состав, во кој настапува данскиот олимписки шампион Микаел Дамгорд, а го предводи легендарниот Мортен Олсен, ќе мора прво да го мине квалификацискиот предизвик против Веспрем или Замалек за да се најде меѓу осумте екипи во групната фаза.

























