Португалскиот гигант Спортинг Лисабон полека се подготвува за ерата во клубот откако ќе заминат браќата Франциско и Мартим Кошта во 2027 година.
Тимот од Лисабон ги ангажираше 16-годишните близнаци Енцо и Салвадор Сантос, кои од сезоната 2026/27 ќе бидат дел од академијата на клубот и ќе се подготвуваат за влезот во првата екипа.
Двајцата таленти доаѓаат од островот Мадеира, каде настапуваа за Левада, а сега се селат во Лисабон со цел да го продолжат својот ракометен развој во зелено-белиот дрес.
Енцо настапува на левата бековска позиција, додека неговиот брат близнак Салвадор е десен бек, па португалските медиуми веќе започнаа да ги споредуваат со Франциско и Мартим Кошта.
„Станува збор за двајца чисти таленти. Иако се уште се многу млади, имаме услови да го забрзаме нивниот развој. Вакви играчи не се гледаат често во Португалија. Постојано размислуваме за иднината и веруваме дека тие можат да станат многу важни делови од Спортинг. Нашата цел е да создадеме играчи од врвна класа кои ќе придонесат не само за клубот, туку и за португалскиот ракомет“, изјави од Спортинг.
Со ангажманот на Енцо и Салвадор Сантос, Спортинг уште еднаш потврдува дека сериозно вложува во развојот на младите ракометари, со амбиција тие во иднина да прераснат во носители на играта на клубот и на португалската репрезентација.
























