Тиквеш со добра ждрепка и отворен пат до втората рунда на ЕХФ Купот

Денеска во Европската ракометна федерација беше извршена ждрепката за првото коло во ЕХФ Европскиот Куп кај мажите.

Тимот на Тиквеш, кој беше рангиран во вториот шешир за ривал го доби составот на Еш од Луксембург, тим што заврши на четвртото место во домашното првенство минатата сезона.

Првиот натпревар ќе биде одигран на 12/13 септември во Македонија, додека реваншот е на програмата на 19/20 септември во Луксембург.

Македонија покрај Тиквеш, има уште три претставници во ова натпреварување – бранителот на трофејот, Охрид, како и Бутел Скопје и тимот на Лазаров, а тие се пласирани директно во второто коло и ќе ги добијат ривалите на 22 септември.