Вардар се враќа во Европа – доби италијански ривал во ЕХФ Купот

Денеска во Европската ракометна федерација беше извршена ждрепката за второто коло во ЕХФ Европскиот Куп кај дамите.

Ждрепката посака ракометарките на Вардар на камбекот во европските купови да се соочат со италијанскиот тим Судтирол Бриксен.

Првиот натпревар е на програмата на 3/4 oктомври во Италија, додека реваншот ќе се одигра на 10/11 октомври во Македонија.

Победниците од 44 двојки од второто коло, ќе се пласираат во третата рунда, каде чекаат уште десет клуба, меѓу кои и Чаир, а ждрепката за ова коло ќе биде на 13 октомври.