Чешки тим стои на патот на Ѓорче Петров во Лигата на Европа

Денеска во Европската ракометна федерација беше извршена ждрепката за второто квалификациско коло во Лигата на Европа кај дамите.

Македонскиот шампион Ѓорче Петров ќе се соочи со незгодниот тим од Чешка, Бањик Мост, кој минатата сезона остана без титулата во домашното првенство.

Првиот натпревар ќе се одигра во Македонија на 3/4 октомври, додека реваншот е на програмата на 10/11 октомври во Чешка.

Победниците од 16 двојки во второто квалификациско коло, ќе се пласираат во третата квалификациска рунда, каде што веќе се пласирани осум екипи, а победниците од тие 12 парови ќе одат во групната фаза.