Младинците бркаат прва победа на ЕП – следна пречка е Летонија

Машката младинска репрезентација на Македонија денеска го игра петтиот натпревар на Европското првенство во Романија.

Во разигрувањето за пласман, избраниците на Игор Илиевски ќе се соочат со селекцијата на Летонија од 11:00 часот во Турда.

Станува збор за ривал што во групната фаза беше надигран од Шпанија, Австрија и Исланд, но потоа ја совлада Норвешка со 37-35.

Македонија со триумф од осум гола над Летонија може да биде втора во оваа група, под услов Австрија да ја совлада Норвешка, но тоа нема да биде доволно за влез во разигрувањето од 9 до 16 место.