ПОЗНАТИ СОСТАВИТЕ: Истите 16 од првите два меча ќе играат и против Данска

Машката младинска репрезентација на Македонија денеска ќе го игра последниот натпревар од групната фаза на Европското првенство во Романија.

Ривал на Македонија ќе биде селекцијата на Данска, која со победите против Норвешка и Хрватска го обезбеди првото место во групата и ќе пренесе два бода во главната рунда.

Македонија нема шанси за прогрес, ќе разигрува за пласман од 13 до 24 место, но и на Данците овој меч не им значи ништо, па би требало да гледаме игра без притисок од двете страни.

Селекторот Игор Илиевски и за овој натпревар ќе смета на истите 16 ракометари од претходните два меча, па надвор од комбинација останаа Александар Симоновски и Алдин Фехми.

Натпреварот меѓу Македонија и Данска се игра денеска во „БТ Арена“ во Клуж со почеток од 13:30 часот.