Трет меч на ЕП: Македонија против силната Данска

Машката младинска репрезентација на Македонија денеска ќе го игра последниот натпревар од групната фаза на Европското првенство во Романија.

Ривал на Македонија ќе биде селекцијата на Данска, која со победите против Норвешка и Хрватска го обезбеди првото место во групата и ќе пренесе два бода во главната рунда.

Македонија нема шанси за прогрес, ќе разигрува за пласман од 13 до 24 место, но и на Данците овој меч не им значи ништо, па би требало да гледаме игра без притисок од двете страни.

Натпреварот меѓу Македонија и Данска се игра денеска во „БТ Арена“ во Клуж со почеток од 13:30 часот.