Пелистер се засили со младинска репрезентативка – Ангелковска се враќа дома

Тимот на Пелистер активно работи на формирање на играчкиот ростер за претстојната сезона во која ќе се натпреварува во прволигашката конкуренција.

По голманката Ана Марија Горговска, која дојде од Куманово, битолчанки се засилија со уште една ракометарка, Алексија Ангелковска.

Поранешната кадетска и актуелната младинска репрезентативка на Македонија по една сезона пауза се враќа во матичниот клуб.

Ангелковска минатата сезона беше дел од составот на Атлетик, кој се пласираше во елитната конкуренција.

Битолчанки претходно ја продолжија соработката со Невена Бундоска, а се разделија со голманката Симона Спиркоска.