Ракометарите од Ресен по петти пат ќе играат во чест на Зоки, Були и Котле

Во Ресен петта година по ред ќе се организира ревијален натпревар под мотото „Преспа за Зоки, Були и Котле“ во чест на ракометните легенди од Ресен – Илче Котевски, Булент Ибрахим и Зоран Стојановски.

Ревијалниот натпревар, кој ќе се одржи на 16 јули, со почеток од 19:00 часот во спортската сала „Зоран Стојановски“, ќе биде одигран помеѓу ракометари кои заедно настапувале со Котевски, Ибрахим и Стојановски и актуелната екипа на Преспа поддржана со играчи кој настапуваат во суперлигашкото друштво, а во минатото го носеле дресот на клубот.

На ревијалниот натпревар ќе настапат Владо Недановски, Владо Тасевски, Никола Стојчевски, Мартин Карапалевски, Ласко Андоновски, Ален Ќосевски, Горан Крстевски…и многу други сегашни и поранешни ракометари и тренери од Преспа.

Специјални честитки ќе има за двојната круна на Недановски, како дел од Вардар, но и за Ќосевски и Кукуловски, кои стигнаа до трофеј во ЕХФ Европскиот Куп.