Едвај стигнаа на ЕП па го „треснаа“ домаќинот, Србите се намачија против „овчарите“

Комплетирано е првото коло на Европското првенство за младинци во Романија, а најголемото изненадување го приреди Босна и Херцеговина, која славеше против домаќинот со 36-34.

Иако беа на работ на откажување и едвај обезбедија средства за да допатуваат во Романија, избраниците на Ален Хаџиќ и без Алем Хаџиќ во составот остварија голема победа што може да им донесе главна рунда.

Босанците го имаа последниот напад при нивно водство со 35-34, а точка на мечот стави Хаџимухамедовиќ, кој имаше вкупно десет гола на овој меч.

Германија на девет минути пред крајот губеше со 29-25 од Франција, но Германците секогаш играат до последната секунда и успеаја да направрат комплетен пресврт и да слават со 31-30 со голот на Хенсен.

Во групата на Македонија, Хрватска пружи отпор против Данска во одреден дел од мечот, но на крајот беше поразена со 37-30. Најдобар стрелец кај победниците беше Сунесен со девет гола, а кај „коцкестите“ се истакна Мославац со шест погодоци.

Србија губеше со пет гола во првиот дел, 15-10, но на крајот со крајни напори успеа да ја победи жилавата селекција на Фарски Острови со 32-31.

Европско првенство младинци, 1 коло, резултати:

група А
Португалија – Грција 39-21
Германија – Франција 31-30

група Б
Швајцарија – Турција 50-32
Србија – Фарски Острови 

група Ц
Шпанија – Летонија 38-25
Исланд – Австрија 32-27

група Д
Македонија – Норвешка 31-36
Данска – Хрватска 

група Е
Шведска – Израел 42-33
Романија – Босна и Херцеговина 34-36

група Ф
Унгарија – Чешка
Словенија – Полска 40-34