📷 Илиевски ги подели последните совети: Македонија подготвена за стартот на ЕП

Македонската младинска машка ракометна репрезентација пристигна во романскиот град Клуж, каде што ќе настапи на Европското првенство.

Избраниците на селекторот го одработија последниот тренинг пред почетокот на шампионатот, на кој Македонија ќе се соочи со најдобрите европски селекции.

Првиот натпревар „црвено-жолтите“ ќе го одиграат утре против Норвешка, со почеток во 13:30 часот.

Покрај Норвешка, во групата на Македонија се наоѓаат и репрезентациите на Хрватска и Данска, што најавува исклучително тешка конкуренција уште од стартот на турнирот.

Македонските надежи ќе се обидат со добар настап да го отворат Европското првенство и да направат чекор кон пласман во следната фаза.