Македонија ќе има еден претставник во Лигата на Европа во претстојната сезона, а тоа ќе биде битолски Еурофарм Пелистер.
Пелистерци ќе ја чекаат ждрепката на 17 јули од првиот шешир заедно со екипите на Фленсбург, Нексе, Татабања, Савехоф, Извиѓач, Бенфика и Бидасоа Ирун.
Опасноста за македонскиот претставник доаѓа од последниот шешир каде се бундеслигашот Бергишер, финалист на германскиот Куп, како и незгодни скандинавски тимови од типот на Холстебро, Морс, Хамарби…
Ќе се формираат осум групи по четири екипи, прво и второпласираните продолжуваат во елиминациите, а првото коло од групната фаза е на 29/30 септември.
За ждрепката за групите ќе биде применувано правилото дека не може две екипи од иста земја да се најдат во иста група.
Лига на Европа, групна фаза:
шешир 1: Фленсбург (Германија), Нексе (Хрватска), Татабања (Унгарија), Савехоф (Шведска), Извиѓач (Босна и Херцеговина), Еурофарм Пелистер (Македонија), Бенфика (Португалија), Бидасоа Ирун (Шпанија)
шешир 2: Валур (Исланд), Кадетен Шафхаузен (Швајцарија), Елверум (Норвешка), Лимож (Франција), Карвина (Чешка), Гранољерс (Шпанија), Татран Прешов (Словачка), Гумерсбах (Германија)
шешир 3: Сесвете (Хрватска), Хафнарфјордур (Исланд), Бузау (Романија), Сен Рафаел (Франција), Слован (Словенија), Шамбери (Франција), Торелавега (Шпанија), Ла Риоха (Шпанија)
шешир 4: ЧСМ Букурешт (Романија), Маритимо (Португалија), Агуаш Сантас (Португалија), Морс (Данска), Бергишер (Германија), Холстебро (Данска), Вибжеже Гдањск (Полска), Хамарби (Шведска)
























