Тимот на Бутел Скопје претстојната сезона покрај на домашната сцена ќе биде активен и на меѓународната сцена. Бутелци под водство на новиот стратег Стојанче Стоилов ќе бидат дел од ЕХФ Европскиот Куп и ќе го скокне првото коло.
Бутел Скопје ќе биде дел од второто коло, но за влакно не успеа да го „фати“ првиот шешир и ќе нема да биде привилегиран при ждрепката.
Таа ќе се одржи на 14 јули од 11:00 часот, а покрај Бутел Скопје уште три македонски екипи ќе ги дознаат ривалите во ова натпреварување – Охрид, Тиквеш и „сино-белите“ од Автокоманда.
Бутелци би можеле да се соочат со Охрид или тимот на Лазаров, но и со полската Островија, романскиот Темишвар, босанскиот Борац, унгарскиот ПЛЕР, словенечкиот Тримо Требње, но и азербејџанскиот Кур, косовскиот Кастриоти, Диферданж од Луксембург, Спортинг Пелт од Белгија, летонскиот Добеле.

























