Eкипата на Чаир, заедно со Вардар, ќе бидат претставници од Македонија во новата сезона од ЕХФ Европскиот Куп.
За разлика од Вардар, кој ќе мора да стартува од второто коло, екипата на Чаир има висок рејтинг и ќе стартува од 7 позиција, од вкупно 54 пријавени екипи. Тоа им гарантира на чаирчанки прв шешир за ждрепката за третото коло, но и за осминафиналето ако го минат првиот ривал.
Заедно со екипите на Јувента Михаловце од Словачка, исландскиот Хаукар, турскиот Јаликавар, грчкиот Јонијас, португалската Мадеира, холандскиот Вестфрисланд, италијанскиот Ериче, австрискиот Ацгерсдорф и словенечката Ајдовшчина, избраничките на Басри Љатифи ќе чекаат да завршат дуелите од втората рунда и да добијат за ривал победник од некоја од тие екипи.
Чаир ќе го дознае ривалот во третото коло од ЕХФ Европскиот Куп на 13 октомври, откако ќе бидат комплетирани мечевите од второто коло.
Натпреварите од третата рунда се на програмата на 7/8 и 14/15 ноември.

Вардар по пет сезони одново во Европа – од прв шешир ја чека ждрепката во ЕХФ Купот
























