Швајцарскиот шампион Кринс-Луцерн го потврди ангажманот на германскиот плејмејкер Јустин Милер, кој потпиша договор до летото 2029 година.
30-Годишниот ракометар зад себе има сезона во дресот на Вецлар, каде што одигра важна улога во опстанокот на клубот во Бундес лигата. На 32 натпревари постигна 59 голови и запиша 32 асистенции.
Интересно е што Милер веќе имаше договорена преселба во Крефелд, клуб кој испадна во Третата германска лига, но плановите целосно се променија кога пристигнала понудата од Кринс Луцерн.
По добиената понуда од швајцарскиот шампион, договорот со Крефелд бил раскинат, а искусниот организатор на играта ќе има можност следната сезона повторно да настапува на највисоката европска сцена во Лигата на шампионите.
Ова лето во швајцарскиот клуб се пресели и досегашниот голман на Охрид, Кристијан Пилиповиќ.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________
























