Светската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од второто коло од главната рунда на СП за младинки.
Исмаил Металари и Ненад Николовски по три средби во групната фаза, добија прва задача во главната рунда.
Тие ќе го судат мечот за првото место во групата меѓу досега непоразените селекции на Германија и Шпанија.
Двете репрезентации обезбедија место во четвртфиналето, а нивниот меѓусебен натпревар почнува од 10:15 часот.























