Црногорскиот лев бек Богдан Мијушковиќ, по четири сезони играње во Македонија, би можел да има нов предизвик во кариерата.
Според пишувањата на „Handbalia“, 23-годишниот Црногорец има понуда од тимот на Бнеи Херцлија и би можел да заигра во Израел.
Мијушковиќ, кој ги мина сите младински репрезентативни селекции на Црна Гора, дојде во Македонија во 2022 година и играше за Еурофарм Пелистер 2.
По настапите во Битола беше дел од составот на Струга, а лани дојде во Тиквеш и беше меѓу најдобрите играчи на кавадарчани.

























