Сабате: Добивме израмнета група – секој може да победи секого

Вардар ќе игра против полската Висла Плоцк, германскиот Мелсунген и францускиот Нант во новата сезона од Лигата на шампионите.

Тренерот на полскиот вицепрвак, Чави Сабате, вели дека групата е израмнета и дека домашните натпревари ќе бидат клучни.

„Ја добивме најизрамнетата група во која секој може да победи секого. Сигурен сум дека нашите ривали не се среќни што се со нас во групата. Ќе има многу изедначени натпревари и мислам дека домашните натпревари ќе биде клучни“, изјави Сабате.

Капитенот на Плоцк, Микал Дашек, се согласува со тренерот.

„Имаме интересна група, каде што нема изразени фаворити, ниту пак изразени аутсајдери. Никој не смее да биде потценет и ќе мораме на секој натпревар да даваме 100%“, изјави Дашек.

Вардар ќе стартува со гостување кај Мелсунген на 9/10 септември, а првиот дуел со Висла Плоцк се игра во Скопје на 23/24 септември.