Францускиот стратег Дидие Динар би можел да биде замената за Штафан Олсон на кормилото на машката репрезентација на Холандија.
Динар се уште е селектор на Црна Гора, со која не успеа да се пласира на Мундијалот во Германија, а истото му се случи на Олсон со Холандија, која беше елиминирана од Грција.
Според пишувањата на „Le Quitidien“, Динар е првиот на листата на желби на холандската федерација, а логично би било дека Црногорците не би сакале да го продолжат договорот со него по неуспехот за пласман на СП.
Тој е активен и на клупски план како тренер на Иври.
























