Германската Бундес лига го објави календарот за сезоната 2026/27, која ќе започне на 27 август, а уште во второто коло љубителите на ракометот ќе имаат можност да го проследат големото дерби меѓу Фуксе Берлин и Магдебург.
Во првото коло, Кил ќе го пречека Лемго, актуелниот шампион Магдебург ќе игра против Гумерсбах, додека Фуксе Берлин ќе се соочи со Мелсунген. Македонија ќе има претставник во голманот Мартин Томовски, кој со Битигхајм во првото коло ќе гостува кај Вецлар.
Веќе во второто коло следува вистински спектакл – ќе се сретнат двата најуспешни германски клуба во последните две сезони. Берлин и Магдебург, кои во изминатиот период водеа жестоки битки за титулите во Бундес лигата и Лигата на шампионите, повторно ќе ги вкрстат копјата уште на стартот од новата сезона.
Натпреварот уште од сега привлекува огромно внимание, особено ако се знае дека во составот на Берлин настапува данската суперѕвезда Матијас Гидсел, додека Магдебург ќе ја брани титулата освоена во сезоната 2025/26.
Претходно, на 22 август, ќе се игра Супер Куп натпреварот во Диселдорф меѓу Магдебург и Бергишер, а тогаш Мартин Томовски ќе го добие признанието за најдобар голман за штотуку завршената сезона во Втората Бундес лига.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24Ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________























