Порто најде замена за Андерсон – на клупата седнува Мартинго

Португалскиот шампион Порто го назначи Карлос Мартинго за нов шеф на стручниот штаб. Клубот потврди дека двете страни потпишале договор до летото 2028 година.

Мартинго на клупата на Порто го наследува Магнус Андерсон, кој неодамна стана селектор на Норвешка.

Новиот тренер на Порто ја започна својата тренерска кариера во 2010 година како асистент на Љубомир Обрадовиќ, период во кој клубот освои две шампионски титули. Подоцна работеше во Аванка, а во април 2018 година повторно се врати во Порто, каде го предводеше тимот во завршницата од шампионатот.

Од сезоната 2018/19 беше дел од стручниот штаб на Магнус Андерсон и имаше значајна улога во најуспешниот период во историјата на клубот.

Заедно со шведскиот стратег учествуваше во освојувањето на првата двојна круна во историјата на Порто, како и четири шампионски титули, два Купа и два Суперкупа на Португалија.

Во јануари 2024 година, 47-годишниот тренер замина во Шведска и го презеде Енередс, но веќе на почетокот на сезоната 2024/25 повторно се врати во Порто како асистент на Андерсон.

Сега Мартинго ќе има можност самостојно да го води клубот во новата ера и да се обиде да ги продолжи успесите на португалскиот гигант.