По финалето во Лигата на шампионите во кое Барса го победи Фуксе Берлин со 37-34 и одново е на европскиот трон, беа доделени и индивидуалните признанија.
Најдобар стрелец во оваа сезона во најелитното европско клупско натпреварување е Данецот Матијас Гидсел, кој во финалето стигна до седум гола или вкупно 160.
За најкорисен играч на Ф4 турнирот беше избран средниот бек на Барселона, Домен Макуц, кој го одигра последниот натпревар во дресот на каталонскиот гигант.
Третото место во Келн на завршниот турнир го освои германскиот Магдебург кој славеше против Алборг со 32-26.























