Сега веќе поранешниот европски првак Магдебург со утешното трето место го заврши настапот на завршниот турнир во Келн.
Магдебург славеше против данскиот Алборг со 32-26 и го освои бронзениот медал на собирот на најдобрите екипи во „Ланксес Арена“.
По 6-6 по десетина минути, Магдебург си фати ред и со четири гола во серија стигна до повисока залиха, 10-6, која ја задржа до паузата, 17-11.
Вториот дел беше само формално одработување на задачата за германскиот шампион, Мандиќ беше на ниво и немаше проблеми за Магдебург да го добие мечот.
Кај Магдебург лидери беа Лагергрен и Клар со по шест гола, а исто толку даде Хоксер за данскиот состав.
Во големото финале од 18:00 часот за титулата ќе играат Фуксе Берлин и Барселона.
























