Тимот на Барселона е вториот финалист во Лигата на шампионите, откако во интересно полуфинале славеше против данскиот Алборг со 37-32 по продолженијата, откако мечот во регуларниот дел мечот заврши 28-28. Но во дополнителните десет минути доминираше Барса предводена од Емил Нилсен со 16 одбрани и не дозволи залетаниот Алборг да го комплетира камбекот од финишот на второто полувреме.
Во финалето и борбата за титула, Барса ќе се соочи со Фуксе Берлин, кој славеше против Магдебург во првото полуфинале.
По нерешените 4-4 по десетина минути, Нилсен влезе во серија и каталонскиот гигант за пет минути направија серија од четири погодоци за 8-4 и прво повисоко водство на еден од тимовите.
Фабрегас зголеми на плус пет, 11-6, па тренерот Дал мораше да бара минута одмор и да ги смири своите избраници. Сепак до крајот на првиот дел Барса ја задржа контролата на теренот и водеше со 15-11.
Јури Кнор постигна погодок во мрежата на Нилсен од слободен удар по истекот на времето, но браќата Коњичанин по прегледувањето на снимката, одлучија дека ударот на Кнор не е според правилата и го поништија погодокот.
Алборг не се откажуваше од камбек во натпреварот, како одминуваше времето така и данскиот состав полека се враќаше во игра, а кулминацијата беше во последните пет минути од мечот.
Иако Ландин беше солиден, сепак во игра влезе Норстен на десет минути до крајот. Тој му одбрани зицер на Баруфет, па Алборг тргна во акција за реми, која успешно ја заврши Арнолдсен за 28-28.
Ортега викна тајм-аут на 70 секунди до крајот, но погреши Н’гесан, потоа згреши и Алборг во нападот што може да биде победнички. Останаа уште три секунди за игра, Нилсен фрли контра, погоди Гомез, но судиите го поништија голот бидејќи не беше постигнат во рамките на времето.
Мечот отиде во продолженија два пати по пет минути, а тие минаа во комплетна доминација на каталонскиот гигант. Барса отиде на 33-30 и после веќе немаше дилеми околу победникот.























