Тимот на Младост Богданци, кој се подготвува за камбекот во елитната конкуренција, го промовираше второто засилување.
По Тодор Узунчев, во Богданци доаѓа Славе Јанковски, левото крило кое има богато суперлигашко искуство од екипите на Радовиш, Вардар Јуниор, Астраион, Голден Арт и Струга.
„Со огромно задоволство ви го претставуваме нашето трето засилување за новата суперлигашка сезона – Славе Јанковски од Струмица. Јанковски во својата кариера ги бранеше боите на повеќе суперлигашки екипи, а сега доаѓа во Богданци подготвен да даде сè од себе за новите успеси на нашиот клуб“, објавија од Младост.
Претходно богданчани ги продолжија договорите со тренерот Горан Андоновски и со најдобриот стрелец Даниел Андоновски.






















