Илиевски го комплетира стручниот штаб во младинската репрезентација на Македонија

Машката младинска репрезентација утре ги започнува подготовките за настапот на Европското првенство во Романија.

Новиот селектор Игор Илиевски откако го скрати списокот на ракометари, го комплетираше и стручниот штаб.

Негов асистент ќе биде Васко Димитровски, легендата на Еурофарм Пелистер, додека тренер на голманите ќе биде актуелниот чувар на мрежата на Прилеп, Благојче Трајкоски.

Македонија ќе игра четири пријателски натпревари во Скопје – два против Саудиска Арабија, како и против Италија и Грција.

Нашите ракометари ќе бидат во група со Данска, Норвешка и Хрватска на ЕП во Турда и Клуж од 9 до 19 јули.