Тимот на Крајина Ќазин, каде што игра македонската интернационалка Ангела Костовиќ, испиша убава страница во клупската историја.
Крајина за првпат во историјата го освои трофејот во Купот на Босна и Херцеговина, откако во финалето беше подобра од Криваја Завидовиќи со 31-27.
Иако на паузата губеа со 15-14, сепак Костовиќ и колешките успеаја да направат пресврт и да слават на крајот.
Во полуфиналето беше совладан актуелниот шампион на БиХ, Хаџиќи. За МВП на завршниот турнир беше избрана Амела Џакмиќ, некогашна членка на Куманово и Чаир, а сега дел од Крајина.
Костовиќ ја одработи втората сезона во босанскиот клуб, а на домашна сцена беше дел од Вардар, Ѓорче Петров и Овче Поле СУ.























