Средниот бек Мартин Карапалевски по две сезони заминува од Асобал лигата и дресот на Ваљадолид ќе го замени со оној на Охрид.
Тој се реши за камбек во татковината и не ја продолжи соработката со шпанскиот тим, каде во финишот на сезоната имаше одлични партии.
„Благодарам Ваљадолид за овие две неверојатни сезони. Ова беше огромно искуство за мене, во кое пораснав и како играч и како личност. Со себе носам незаборавни спомени и моменти кои засекогаш ќе ги чувам во срцето. Благодарам за сè и што направивте да се чувствувам како дома. До следното видување“, напиша Карапалевски.
Тој потекнува од Ресен, играше за Вардар Јуниор и Вардар пред да замине во Асобал лигата, каде остана две сезони.























