Ниту Прилеп, ниту Радовиш – нова промена на локацијата за суперлигашкиот бараж

Ракометната федерација на Македонија направи промена на локацијата за машкиот бараж за Супер лигата.

Наместо во Радовиш, мечот меѓу Младост Богданци и Струга ќе се игра во салата „Антон Димитров“ во населба Бутел Скопје в среда од 19:00 часот.

Женскиот бараж за Супер лигата меѓу екипите на Пелистер, седмопласираната екипа од елитната конкуренција и второпласираната од Првата лига, Ѓорче Петров 2, останува да се игра во Радовиш.

Домаќин ќе биде салата „25 мај“, а мечот е закажан за 3 јуни од 17:30 часот.