Ракометарите на Охрид денеска го играат реванш натпреварот од финалето на ЕХФ Европскиот Куп против унгарската Татабања.
Охриѓани го добија првиот дуел во Унгарија со 29-28, па со предност ќе го дочекаат вториот дуел против Житников, Секељ, Елеш, Мосинди…
Избраниците на Борис Ројевиќ досега ги елиминираа азербејџанскиот Баку, босанската Слога Добој, чешката Дукла Прага, грчкиот Олимпијакос и словенечкиот Целје.
Досега одиграа 11 натпревари и забележаа десет победи и само еден минимален пораз во Словенија, а вечерва можат да го крунисаат европскиот пат со трофеј.
Мечот меѓу Охрид и Татабања се игра вечерва од 20:00 часот во СРЦ „Билјанини Извори“, а билети одамна веќе нема за овој натпревар.
На домашна сцена се игра меч во Битола меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Прилеп, со кој ќе биде спуштена завесата на Супер машката лига за оваа сезона.
На меѓународна сцена на програмата е финалето од Лигата на Европа – германскиот двобој меѓу Кил и Мелсунген.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
13:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – ПРИЛЕП (СУПЕР МАШКА ЛИГА)
18:00 КИЛ – МЕЛСУНГЕН (ЛИГА НА ЕВРОПА)
20:00 ОХРИД – ТАТАБАЊА (ЕХФ ЕВРОПСКИ КУП)

























