ТРИ ЅВЕЗДИ НА 27. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА (АНКЕТА)

Специјализираниот портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава избира „Ѕвезда на колото“ во Супер женската лига.

Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.

Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.

Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 27. коло од Супер женската лига.

Во изборот за ѕвезда на 27. коло има по една ракометарка од Ѓорче Петров, Спартак и Чаир.

За ѕвезда на колото може да гласате до недела до 12:00 часот.

Супер женска лига, 27. коло, резултати:

СПАРТАК – ПЕЛИСТЕР 36-27
КУМАНОВО – ЧАИР 26-37
ВАРДАР – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 27-43
МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – АСТИБО 0-10 сл.

СПОРЕД ВАС КОЈА Е НАЈКОРИСНА РАКОМЕТАРКА НА 27. КОЛО ВО ЖЕНСКАТА СУПЕР ЛИГА?

Мила Трајковиќ - Чаир
33.33%
Марија Јанкуловска - Ѓорче Петров
33.33%
Ива Божиноска - Спартак
33.33%

ТРИ ЅВЕЗДИ НА 27. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА

Мила Трајковиќ (Чаир) – Левото крило на Чаир беше најдобар стрелец против поранешниот клуб.

Ива Божиноска (Спартак) – Бекот го предводеше Спартак до убедливиот триумф против битолчанки.

Марија Јанкуловска (Ѓорче Петров) – Левиот бек на шампионот даде девет погодоци во триумфот против Вардар.

____________________________________________________________________________________________________
▶▶▶  Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________