Денеска во центарот на вниманието на македонската јавност ќе биде пресметката меѓу Бутел Скопје и Вардар, на која новиот шампион ќе ја добие титулата.
Бутелци требаше да играат на домашен терен, но направија џентлменски потег и ја прифатија опцијата да гостуваат во СЦ „Јане Сандански“ за Вардар на домашен терен да ја прослави титулата со своите навивачи.
Мечот стартува од 19:00 часот, а по крајот ќе се следува и свеченото доделување на титулата и медалите.
Од 18:00 часот во Радовиш се игра и натпревар од суперлигашкиот плеј-аут, меѓу радовишани кои испаѓаат од елитната конкуренција и Струга која ќе игра бараж за опстанок со екипата на Младост Богданци.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
18:00 РАДОВИШ – СТРУГА (СУПЕР МАШКА ЛИГА)
19:00 БУТЕЛ СКОПЈЕ – ВАРДАР (СУПЕР МАШКА ЛИГА)

























