Ракометарите на Охрид денеска го играат последниот натпревар од Супер машката лига против екипата на Тиквеш.
Кавадарчани направија џентлменски потег и ја прифатија опцијата да гостуваат во Охрид, иако требаше да бидат домаќини, со цел „гладијаторите“ да имаат повеќе одмор пред реваншот со Татабања од ЕХФ Европскиот Куп.
Мечот во СРЦ „Билјанини Извори“ почнува од 17:00 часот.
Покрај дуелот во Охрид, денеска се игра еден натпревар и од Супер женската лига. Екипата на Вардар гостува кај Астибо во Штип, а овој натпревар нема резултатски важност за двете екипи во однос на местото на табелата.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
17:00 ТИКВЕШ – ОХРИД (СУПЕР МАШКА ЛИГА)
19:00 АСТИБО – ВАРДАР (СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА)

























