Тимот на Кирил Лазаров славеше против Бутел Скопје со 37-21 во натпревар од 9 коло од суперлигашкиот плеј-оф.
Беше 3-3 на стартот, но за десетина минути домашните поведоа со 9-3, а на паузата имаа и плус осум, 19-11. Тоа беше шанса за двајцата тренери, Кирил Лазаров и Горан Кузманоски да им дадат шанса за настап на мечот.
Одлична партија на домашниот гол имаше кадетскиот репрезентативец на Македонија, Ѓорѓи Николовски, кој собра 12 одбрани од 24 упатени удари кон неговиот гол, додека Иван Галевски го надополни во второто полувреме.
Најдобри стрелци во победничкиот состав беа Тордарсон со осум гола, како и Николов, Борзаш и Стојковиќ дадоа по пет.
Во тимот на Горан Кузманоски, Шилегов имаше пет гола, а по четири Михајловиќ и Узунчев. Во следното коло Бутел Скопје ќе игра со Вардар, додека „сино-белите“ од Автокоманда му гостуваат на Еурофарм Пелистер, но без разлика на резултатите, тимот на Лазаров ќе остане четврти, а бутелци ќе бидат на петтото место.
























