Вардар ја надмина бројката од 1.000 голови и ја оствари 29. победа сезонава

Вардар очекувано триумфираше над Тиквеш, 36-26 (20-12) и со 29. триумф сезонава потврди дека се најдобриот тим, истовремено надминувајќи ја бројката од 1.000 постигнати голови. На средбата во Скопје, „црвено-црните“ дадоа 36 гола и со вкупно 1021 гол се вториот најуспешен тим во лигата кој има четирицифрен број на постигнати голови, веднаш зад Еурофарм Пелистер.

Веќе по првите десет минути од мечот беше јаснокој ќе победи, а притоа и со висока разлика. Домаќините водеа со 10-4, како најава за нов триумф. До крај на полувремето предноста се зголеми до 19-11, а потоа и на 20-12. Тренерот Иван Чупиќ имаше комбиниран состав во кој шанса добија сите што беа во состав. По подолго време и Еспиња беше меѓу стативите, па и Јапонецот Кавада.

Во 46 минута Пинто првпат погоди за „плус 10“ и Вардар водеше со 30-20. Потоа се одржуваше таа разлика. Најмногу аплаузи доби младиот Марио Ѓорѓиев кој со 16 години повторно доби шанса да игра за Тиквеш и со гол го заврши мечот.

Кристјан Атанасовски даде 6 гола од 7 обиди, а по 4 пати во листата на стрелците се запишаа Стојановски, Лaзаревски, Марчинијак. Кај гостите 7 гола даде Маики Лазов.

Во последното коло во среда на домашен терен Вардар ќе го пречека Бутел каде ќе бидат поделени ид медалите и шампионскиот пехар.