Еурофарм Пелистер 2 промовира засилување – потпиша кадетски репрезентативец на Македонија

Кадетскиот репрезентативец Јован Симоновски е првото засилување за составот на Еурофарм Пелистер 2 за наредната сезона.

17-годишниот пивот е производ на школата на Еурофарм Пелистер, а во моментов игра за кадетската и младинската екипа.

Тој ќе биде замената за Петар Маркоски, кој по две сезони во Битола од лето ќе се пресели во тимот на Прилеп.

Симонвоски беше дел од генерацијата која минатата година играше на Ф4 турнирот во Келн во младинската Лига на шампиони.