Јапонскиот кружен напаѓач Шуичи Јошида е шестото засилување за наредната сезона за амбициозниот Охрид.
Јошида во моментов ја одработува втората сезона во францускиот Нант, а од лето ќе го облече синиот дрес на „гладијаторите“.
„Премногу сум среќен што ќе го облечам дресот на Охрид и со нетрпение чекам да заиграм за овој клуб и да ги запознам нашите навивачи! Се гледаме наскоро Охриде!“, вели Јошида во првата изјава како ракометар на Охрид.
Тој потпиша договор на една сезона, со можност за продолжување на соработката до 2028 година ако двете страни се задоволни.
Претходно дресот на Охрид го носеше Хироки Мацуока, а оваа сезона во овој клуб игра Косуке Јасухира.
Уште една бомба покрај езерото – доаѓа јапонски репрезентативец од Нант!
























