ИХФ додели вајлд-карти за кадетското и младинското СП

Светската ракометна федерација официјално потврди промени во списокот на учесници за двете женски светски првенства за кадетки и младинки што летово ќе се одржат во Кина и Романија.

На младинскиот Мундијал, што ќе се игра во Кина од 24 јуни до 5 јули, последен потврден учесник се Фарските Острови. Тие добија вајлд-карта по повлекувањето на Австралија, а претходно таа можност ја одбија Нов Зеланд и Фиџи, кои исто така имаа право на настап преку квалификациите во Океанија.

Фарските Острови ќе играат во групата Х заедно со Хрватска, Јапонија и Норвешка.

Промени има и на кадетскиот Мундијал кој ќе се игра во Романија од 29 јули до 9 август. Откако Парагвај се откажа од настапот, а Чиле и Венецуела исто така не ја прифатија понудената шанса, ИХФ реши местото да ѝ припадне на Португалија.

Португалките добија шанса како најдоброрангирана европска селекција која претходно не обезбедила пласман. Тие ќе играат во групата Д заедно со Црна Гора, Аргентина и Холандија.

Со тоа официјално е комплетиран списокот од 32 репрезентации кои ќе настапат на кадетското и младинското СП претстојното лето.