Новиот суперлигаш Атлетик запиша уште една победа во Првата женска лига, откако славеше против Шампион со 38-15.
Овој натпревар наликуваше многу на сите оние што ги играше Атлетик оваа сезона во прволигашката конкуренција.
Уште по првите триесетина минути избраничките на Татјана Хмирова обезбедија висока залиха, 21-6, а вториот дел беше само формално одработена задачата.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Думбалоска и Трпеска со по пет гола, а кај Шампион се истакнаа Тосеска и Трајанова со по три гола.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________

























