Специјализираниот портал за ракомет, 24Ракомет, сезонава повторно избира „Ѕвезда на колото“ во Супер женската лига.
Читателите ќе имаат можност да ја изберат ракометарката што најмногу покажала во колото што е завршено и да биде избрана за „Ѕвезда на колото“.
На крајот од сезоната ќе има избор и на Идеален тим на сезоната, што по четврти пат ќе биде направен во првенството на Македонија.
Читателите ќе може да гласаат за една од ракометарките, и според освоените гласови една од номинираните ќе го понесе и епитетот „Ѕвезда на колото“.
Со помош на вашите гласови ќе ја одбереме најдобрата ракометарка, која ќе биде ѕвезда, односно МВП на 25. коло од Супер женската лига.
Во изборот за ѕвезда на 25. коло има по една ракометарка од Спартак, Ѓорче Петров и Вардар.
За ѕвезда на колото може да гласате до петок до 12:00 часот.
Супер женска лига, 25. коло, резултати:
ВАРДАР – КУМАНОВО 45-28
СПАРТАК – ЧАИР 26-21
АСТИБО – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 24-46
МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – ПЕЛИСТЕР 0-10 сл.
ТРИ ЅВЕЗДИ НА 25. КОЛО ОД СУПЕР ЖЕНСКАТА ЛИГА
Анастасија Николовска (Спартак) – Левото крило го водеше нејзиниот тим до важен триумф над Чаир.
Емилијана Ризоска (Ѓорче Петров) – Македонската репрезентативка одигра одлично на мечот со Астибо на кој „лавиците“ ја потврдија титулата.
Ивана Трифуновска (Вардар) – Кадетската репрезентативка на Македонија беше меѓу клучните за убедливата победа над Куманово.
____________________________________________________________________________________________________
Добивај директно вести на твојот мобилен телефон, приклучи се на Viber групата на семејството на 24ракомет. Со еден клик до сите ракометни вести.
_____________________________________________________________________________________________________
























